Тој во интервју за Би-би-си радио 4 призна дека губењето на бродот бил неуспех на руската војска, но дека тоа се случило затоа што Русија се бори не само против Украина, туку и против „коалиција на големи држави, вклучувајќи ги САД“.
Ракетниот крстосувач „Москва“ потоа минатата недела во Црно Море.
Точните околности под кои 186 метри долгиот брод потона, како и точното време кога тоа се случило, не се сосема јасни. Познато е дека на бродот, на кој имало 510 морнари, дошло до експлозија и пожар, но руската и украинската верзија на овој инцидент драматично се разликуваат.
Украина тврди дека околу три часот ноќта меѓу средата и четвртокот минатата недела две украински ракети „нептун“ го погодиле бродот, по што тој почнал да тоне. Киев тврди и дека имало жртви на бродот, па дури и дека загинале до 300 морнари, што Русија го негира.
Напротив, Русија тврди дека немало жртви и дека сите од бродот биле евакуирани откако дошло до експлозија на муницијата, по што избил пожарот. Русија во ниедно соопштение за „Москва“ не спомна напад на Украина.