Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп

Социјалната мрежа Твитер објави дека трајно го суспендирала профилот на американскиот претседател Доналд Трамп поради ризик од понатамошно поттикнување на насилство.

Screenshot

„По деталниот преглед на неодамнешните твитови од профилот на Доналд Трамп и содржината околу него, трајно го суспендиравме тој профил поради ризик од понатамошно поттикнување на насилство“, објави компанијата.

Во средата, Твитер привремено го блокираше профилот на Трамп, кој има повеќе од 88 милиони следбеници, по опсадата на Капитол Хил од страна на демонстрантите на Трамп, предупредувајќи потоа дека следните прекршувања на правилата на платформата ќе резултираат со трајно суспендирање на профилот на претседателот.

Белата куќа досега не коментираше ништо.

Претходно во четвртокот, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм одлучија да ја продолжат суспензијата на профилите на американскиот претседател Доналд Трамп најмалку уште две недели додека не заврши трансферот на власта на новиот претседател Џо Бајден. Одлуката е донесена откако Фејсбук одлучи да го затвори профилот на Трамп на 24 часа за да ги запре неоснованите обвинувања на Трамп за кражба на претседателските избори, што ги натера стотици негови приврзаници да упаднат во зградата на Конгресот.

Најновата одлука на Твитер следеше по два твита објавени од Трамп во петокот, кои на крај ќе му бидат последните на таа социјална мрежа.

Двата твита ги прекршија правилата на Твитер затоа што величаа насилство, соопшти социјалната мрежа, додавајќи дека „тие треба да се читаат во контекст на пошироките настани во земјата и на начин на кој изјавите на претседателот би можеле да мобилизираат различна публика, вклучително и поттикнување насилство, како и во контекст на моделот на однесување видлив од неговиот профил во последните неколку недели“.

Првиот твит на Трамп беше за неговите приврзаници. „75.000.000.000 американски патриоти кои гласаа за мене, Америка на прво место и Да ја направиме Америка повторно голема, ќе имаат силен глас долго во иднината. Тие нема да бидат непочитувани или неправедно третирани на кој било начин или облик!!!“

Друг твит се однесуваше на тоа дека Трамп не планира да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден.

Твитер соопшти дека твитот за инаугурацијата може да се сфати како дополнителна изјава дека изборите не биле легални, а исто така може да се толкува како Трамп да кажува дека инаугурацијата ќе биде „сигурна“ мета за насилство затоа што тој нема да биде присутен.

Друга изјава за американските патриоти сугерира дека „тој планира да продолжи да ги поддржува, зајакнува и штити оние кои веруваат дека победил на изборите“, истакнува Твитер.

Трамп на тој начин го губи својот моќен мегафон на социјалните мрежи.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе