Твитер од преземањето на Маск се брани со „отровна таблета“

Управниот одбор на Твитер денеска ја усвои стратегијата на таканаречениот план „отровна таблета" која предвидува издавање акции по пониска цена на постоечките акционери во случај милијардерот Илон Маск да купи повеќе од 15 отсто од акциите на компанијата.

Фото: ЕПА

Целта на таквиот механизам е преземањето на компанијата да биде непрофитабилно за потенцијалниот купувач, а новите акции издадени од Твитер би можеле да ги купат сите акционери, освен Маск, по намалена цена.

Според планот, кој ќе биде во сила 364 дена, механизмот би се активирал доколку сегашниот удел на Маск од 9 отсто во компанијата се зголеми на повеќе од 15 отсто. Милијардерот Илон Маск, сопственик на американскиот производител на електрични автомобили Тесла, вчера понуди 41 милијарда долари за Твитер, неколку дена откако го одби местото во одборот на директори на социјалната мрежа.

Маск е подготвен да плати 54.20 долари по акција на Твитер или 38 отсто повеќе од неговата цена во моментот на затворањето на берзата на 1 април, последниот трговски ден пред објавата дека шефот на Тесла поседува девет проценти.

Маск се залага за слобода на говорот и во последно време често го критикуваше Твитер и неговата политика за отстранување на содржините означени како дезинформации.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе