Твитер првпат обележа твит на Трамп поради лажни информации

Вчера Твитер првпат ги повика корисниците да ги проверуваат податоците во твитовите што ги објавува американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека неговите тврдења поврзани со гласањето по пошта се покажале невистинити.

Американскиот претседател веднаш во твит ѝ одговори на компанијата, велејќи дека Твитер се меша во американските претседателски избори. „Твитер целосно ја задушува слободата на говорот и јас, како претседател, нема да го дозволам тоа!“, напиша Трамп.

Со синиот извичник корисниците се предупредуваат да ги „проверуваат податоците за дописното гласање“ и се пренасочуваат на страницата со новински написи и информации што Твитеровиот тим за проверка на факти ги дознал за тврдењата на Трамп.

„Трамп изнесува неосновано тврдење дека дописното гласање ќе доведе до злоупотреби на изборите“, е еден од насловите на врвот на страницата.

Трамп, кој има 80 милиони следбеници на Твитер, претходно дента во своите твитови тврдеше дека дописното гласање би било „значително неправедно“ и би резултирало со „наместени избори“. Тој го повика гувернерот на Калифорнија по име, иако таа сојузна американска држава не е единствената што користи дописно гласање.

Твитер потврди дека ова е првпат да се применува специјалното правило за обележување на твитовите на претседателот на САД, откако месецов беше воведено ново правило на компанијата за објавување „погрешни информации“.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе