Твитер нема да му дозволи на Трамп да се врати

Социјалната мрежа Твитер, која реши трајно да го суспендира профилот на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, нема да му дозволи враќање дури и ако повторно биде кандидат за Белата куќа, објави денес финансискиот оддел на компанијата.

EPA-EFE

„Според нашите правила, ако сте отстранети од платформата, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, финансиски директор, или актуелен или поранешен политичар’, кажа Нед Сегал за мрежата Си-ен-би-си.

Доналд Трамп „беше протеран кога беше претседател. Не правиме разлики меѓу политичките функционери, без оглед дали се на функција или не“, додаде Сегал.

Во својот последен пост пред суспензијата на профилот Трамп искажа разбирање и љубов за упаѓачите во Конгресот на 6 јануари, кога загинаа пет лица.

„Знам како се чувствувате, ни ги украдоа изборите, чистата победа. Сите го знаат тоа, особено другата страна, но сега мора да одите дома. Сите ве сакаме“.

Пред тоа тој своите поддржувачи со говор ги поттикна да тргнат кон Капитол. Твитер го отстрани од својата платформа поради поттикнување на насилство.

Отстранувањето на Трамп кој имаше речиси 90 милиони следачи не мина без критики, ни од неговите поддржувачи ни од бранителите на слободите на интернет, кои во тоа видоа знак за преголемата моќ на социјалните мрежи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе