Твитер ги затвори и профилите што ги пренесуваа пораките на Трамп, кој е доживотно исфрлен од мрежата

Твитер оваа недела затвори неколку профили чија намера била да ги пренесуваат пораките на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој во јануари беше засекогаш исфрлен од неговата омилена платформа.

Фото: ЕПА

Социјалната мрежа вчера потврди дека по написите во американските медиуми интервенирала против некои профили што преземале објави од блогот на републиканскиот милијардер, наречен Од бирото на Доналд Трамп.

Поранешниот претседател беше протеран од Твитер во почетокот на оваа година зашто ги охрабруваше своите приврзаници да го нападнат Капитол додека на 6 јануари се одржуваше седницата за потврда на изборната победа на Џо Бајден.

Платформата прво привремено го затвори профилот на поранешниот претседател, а потоа трајно ја продолжи санкцијата.

Џек Дорси, основач и сопственик на Твитер, се бранеше на својот профил. Според него, тоа е добра одлука.

Повеќето големи социјални мрежи донесоа слични мерки, но сè уште не е решено дали мерките се привремени или конечни.

Јутјуб (Гугл) соопшти дека очекува да се намали ризикот од насилство.

Фејсбук му ја препушти одлуката на својот надзорен одбор, но новоформираното тело ѝ ја врати топката на компанијата повикувајќи ја за шест месеци да одлучи дали Доналд Трамп може да се врати на мрежата и кога.

Меѓународните членови на тој своевиден врховен суд, сепак, признаа дека е најдобро засега да се забрани.

Доналд Трамп пред забраната имаше скоро 89 милиони следбеници на Твитер, 35 милиони на Фејсбук и 24 милиони на Инстаграм.

На својата веб-страница тој продолжува да тврди, без никакви докази, дека победата на изборите му била „украдена“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе