Твитер, Фејсбук и Јутјуб отстранија лажни постови на Трамп

Три американски веб-страници на социјалните медиуми ги цензурираа тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека децата се „практично имуни“ на ковид-19, при што Фејсбук ја нарече објавата на претседателот „штетна дезинформација за ковид“.

Фото: ЕПА

Коментарите му беа избришани и на Твитер, каде што кампањата на Трамп ја сподели истата содржина и видео со интервјуто на Трамп на „Фокс&френдс“во средата, каде што тој го тврдеше сето тоа.

Јутјуб соопшти дека го повлекло истото видео со тврдењата на претседателот за децата, затоа што тоа е „дезинформација за ковид-19“.

Во меѓувреме, Трамп уште еднаш рече дека коронавирусот едноставно ќе „го снема“, додека членот на работната група на Белата куќа за коронавирусот, д-р Ентони Фаучи, предупреди - „Мислам дека нема да го искорениме коронавирусот“.

„Мислам дека нема да го искорениме ова од планетата затоа што тој е толку пренослив вирус што изгледа малку веројатно“, рече д-р Фаучи во интервју за Ројтерс.

„Но она што мислам дека можеме да го направиме со комбинација од добра вакцина и внимание кон јавноздравствените мерки - под внимание не мислам на карантини, мислам на едноставна претпазливост - тогаш мислам дека ќе можеме да го решиме ова.“

„Можеби ќе треба да поминеме една сезона со вирусот, а потоа до следната сезона, ако имаме вакцина, тоа нема да биде пандемија, нема да го имобилизира светот, нема да ја уништува економијата“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе