Тужба против Трамп за силување

Жената која го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ја силувал пред повеќе од 23 години во една продавница во Њујорк поднесе вчера тужба против него поради неговите изјави во јуни во кои негираше дека ја нападнал.

Џин Керол, долгогодишната колумнистка на магазинот Ел, наведе во тужбата поднесена во суд на њујоршки Менхетн дека Трамп лажел кога тврдел дека не ја нападнал и го довел во прашање „нејзиниот интегритет, чесноста и достоинството“ со своето објаснување на причините зошто сега излегла во јавност со приказната за тој инцидент.

Белата куќа не одговори на барањата за коментар, пренесува Ројтерс.

Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам кажа за Вашингтон пост дека „тужбата е бесмислена и приказната е измама, исто како и авторката“.

Џин Керол приказната за наводното силување во продавницата бергдорф Гудмен на њујоршката Петта авенија, за кое тврди дека се случило меѓу есента 1995 и пролетта 1996, ја објави во магазинот Њујорк во јуни, како извадок од нејзинити мемоари кои ќе бидат објавени следниот месец.

Трамп тогаш изјави дека не ја силувал и дека никогаш не ја сретнал, иако беа објавени нејзини заеднички фотографии. Тој ја обвини дека лаже и дека тоа го направила за да ја поттикне продажбата на неговата книга.

Уште десетина жени го обвинуваат Трамп дека сексуално ги злоставувал, што тој го негира.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе