Туск: Западен Балкан е приоритет за ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск рече дека Западен Балкан е интегрален дел на Европа и приоритет за Европската унија.

Туск на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија рече дека ЕУ е најсигурен партнер на Западен Балкан.

Претседателот на Европскиот совет додаде дека агендата на поврзаност, една од главните теми на самитот, не е замена за проширување.

„Тоа е начин да се искористи времето помеѓу денес и утре поефикасно отколку до сега за нашите граѓани и деловни луѓе да не чекаат на придобивките од европските интеграции“, рече Туск.

Тој рече дека не постои план Б ни алтернатива за Западен Балкан, кој е интегрален дел на Европа. Следниот таков самит ќе биде одржан во Хрватска и ова покажува дека Западен Балкан е приоритет за ЕУ, рече Туск.

Туск рече дека завршениот самит бил многу добар и успешен.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе