„Не може да има автоматизам“

Туск за идниот претседател на Европската комисија: Не се разговараше за имиња туку за процесот за избор на кандидат

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави по првата рунда консултации со европските лидери дека идниот претседател на Европската комисија мора да ја има поддршката од квалификувано мнозинство во Советот и мнозинство во Европскиот парламент.

Тој истакна дека според одредбите на европскиот Договор Европскиот совет го предлага, а Европскиот парламент треба да го изгласа следниот претседател на Комисијата.

„Тоа значи дека во согласност со европските договори не може да има автоматизам. Истовремено, никој не може да биде исклучен. Тоа што некој е „водечки кандидат“ не е дисквалификација туку само може да ги зголеми нивните шанси“, изјави Туск.

Тој кажа и дека разговарале за потребата при изборот за водечките позиции во ЕУ да се задоволат географските, родовите како и критериумите на политичката припадност.

Германската канцеларка Ангела Меркел потврди синоќа дека го поддржува Манфред Вебер, кандидатот на десницата за местото претседател на Европската комисија.

„Го поддржуваме нашиот кандидат Манфред Вебер, а другите ги поддржуваат своите кандидати“, кажа германската канцеларка по вечерата на лидерите на 27-те членки на Европската Унија кои се собраа за првпат по одржаните избори за ЕП.

На средбата се разговараше за наследникот на Жан Клод Јункер.

Вебер е кандидат на Европската народна партија, која освои најмногу гласови на изборите.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе