По интервјуто во Фајненшл тајмс

Туск остро му одговори на Путин: „Застарен е авторитаризмот, а не слободите“

Претседателот на Eвропскиот совет, Доналд Туск, изјави дека воопшто не се согласува со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека либералните идеи на Западот се „застарени“.

Говорејќи за прифаќањето на мигрантите во Европа, Путин во интервју за Фајненшл тајмс оцени дека „либерализмот го одживеал своето“.

„Либералите не можат повеќе да им диктираат на луѓето што треба да прават, како што се обидуваа изминативе децении“, рече рускиот претседател.

Путин ја критикуваше одлуката на германската канцеларка Ангела Меркел во Германија да прими милион бегалци, рече дека тоа е „огромна грешка“ и го поддржа американскиот претседател Доналд Трамп и неговата политика за затворање на границите за илегалните мигранти.

„Таа либерална идеја претпоставува дека ништо не може да се направи. Дека мигрантите можат неказнето да убиваат, да пљачкаат и да силуваат, бидејќи нивните права се заштитени. Оваа идеја стана застарена и е спротивна на интересите на огромно мнозинство од населението“, изјави Путин за британскиот весник.

Туск, кој се наоѓа во Јапонија за самитот на Г20, им рече на новинарите дека несоницата поради временската разлика му овозможила да го прочита целото интервју со рускиот претседател.

„Тој што тврди дека либералната демократија е застарена тврди и дека и слободата е застарена, дека владеењето на правото е застарено и дека човековите права се застарени. Ова се суштински и мошне живи вредности за Европејците“, рече Туск.

„Она што за мене е навистина застарено се авторитаризмот, култовите кон личности, владеењето на олигарсите, и покрај тоа што некогаш можеби се чинат успешни.“

Претседателот на САД Доналд Трамп уште пред да полета за Осака веќе си ги нападна и пријателите и непријателите, но кога пристигна имаше посмирен тон и предвиде „многу успешен ден“.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе