Туск истакна и дека нивната одлука зависи од развојот на ситуацијата во Лондон.
Одлуката за продолжување на рокот за брегзит за три месеци по 31 октомври „во голема мера ќе зависи од тоа што ќе одлучи или нема да одлучи британскиот парламент“, рече Туск.
Вчера британскиот премиер Борис Џонсон претрпе уште еден пораз, откако спикерот на Претставничкиот дом Џон Беркоу објави дека владата не може да бара од пратениците повторно да гласаат за договорот за брегзит.
Џонсон ги повика пратениците неделава да го одобрат договорот за брегзит, изјавувајќи дека ниту тој, ниту ЕУ, ниту јавноста не сакаат ново одложување на излегувањето на Велика Британија од Унијата.