За три месеци

Туск: Ќе ѝ препорачам на ЕУ да го одобри одложувањето на брегзитот

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск најави дека ќе препорача Европската Унија да го одобри барањето на Велика Британија за продолжување на рокот за брегзитот.

Туск на Твитер рече дека ќе ги повика преостанатите 27 земји-членки на ЕУ да го одобрат одложувањето на брегзитот.

Велика Британија побара тримесечно одложување на брегзитот, до крајот на јануари 2020 година, откако парламентот донесе закон со кој го принуди британскиот премиер Борис Џонсон да побара одложување.

Британските пратеници синоќа го поддржаа предлог-законот на премиерот Борис Џонсон за брегзит, но одбија тој да биде усвоен во рок од три дена во долниот дом на парламентот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе