Претседателот на Советот на ЕУ

Туск: Има специјално место во пеколот за оние што промовираа брегзит без да имаат план

Доналд Туск, претседател на Советот на ЕУ, ѝ се нафрли на Велика Британија, велејќи дека се прашува како изгледа „посебното место во пеколот“ за оние што притискаа за брегзит без да дојдат до јасен план за да го остварат.

Обраќајќи им се на новинарите во Брисел, Туск го повтори ставот на ЕУ за Договорот за повлекување, велејќи дека договорот за брегзит склопен со ториевската влада на Тереза Меј во ноември минатата година не подлежи на повторно преговарање.

Меј утре пристигнува на разговори со официјални претставници на ЕУ, во обид да формулира „алтернативни аранжмани“ за крајната варијанта (бекстоп) со Ирска. Туск изјави дека се надева оти британската премиерка ќе дојде на преговарачката маса со некакви реални предлози за крајната варијанта.

Во врска со сценариото за „немање договор“, Туск инсистираше дека Брисел се подготвува за такво „фијаско“, а потоа упати неколку остри збора за британските владини претставници.

„Се прашував како изгледа посебното место во пеколот за оние што го промовираа брегзитот дури и без да имаат нацрт-план за безбедно да го остварат“, рече тој.

Претседателот на Советот на ЕУ, придружуван од ирскиот премиер Лео Варадкар, изјави дека луѓето низ цела Европа се надеваат дека Велика Британија ќе ја промени својата одлука за напуштање на Европската Унија.

Тој призна дека шансите Велика Британија да остане во ЕУ се мали, ако се има предвид дека и Меј и лидерот на лабуристите Џереми Корбин се за брегзит. Тој додаде: „Денес не постои политичка сила, ниту ефективно лидерство, за да останат.“

Туск потврди дека блокот е посветен на крајната варијанта за Ирска, инсистирајќи дека ЕУ „нема да се коцка со мирот“.

Портпаролот на Меј одговори на коментарите на Туск со прашање „...дали тој смета дека користењето такви зборови е корисно“.

Портпаролот на Демократската унионистичка партија за брегзитот, пратеникот Семи Вилсон, по изјавата на Туск во Брисел рече дека тој е „ѓаволски евроманијак што мавта со трозабец“.

Меј денес води разговори за брегзитот со петте главни политички партии во Стормонт во Северна Ирска, во обид да ги убеди дека може да обезбеди договор со кој ќе се избегне цврста граница, пред да се упати кон Брисел на разговори со ЕУ.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе