Туск го подбра Трамп: „Со вакви пријатели, кому му требаат непријатели“

„Со вакви пријатели, кому му требаат непријатели“, напиша денеска Доналд Туск, еден од највисоките функционери на Европската Унија, за американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е уште еден знак за тоа како лидерите на Континентот се обидуваат да се справат со променливата американска политика за прашањата како што е нуклеарниот договор со Иран.

Туск, претседател на Европскиот совет, кој ги претставува шефовите на владите на Европската Унија, ги искористи дозволените 280 карактери на Твитер не само за да ги прекори непромислените политички одлуки на Трамп, туку и за да ја потврди посветеноста на блокот кон сопствената агенда.

„Гледајќи ги најновите одлуки на Доналд Трамп, некој дури ќе помисли: со вакви пријатели, кому му требаат непријатели. Но искрено, ЕУ треба да биде благодарна. Благодарение на него ние се отарасивме од сите илузии. Сфаќаме дека ако ни треба помош, ќе ја најдеме само кај себе“, напиша Туск.

Стилот на овој твит на Туск не е сосема нов. Тој е ехо на коментарите од други европски лидери, како германската канцеларка Ангела Меркел, која долго време ги критикуваше потезите на Трамп на светската сцена како штетни за трансатлантскиот сојуз.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе