Грција објави снимка

Турско воено возило се обидува да ја урне граничната ограда за да поминат емигрантите (ВИДЕО)

Грчката влада објави ноќна видеоснимка од границата на која наводно се гледа турско воено возило како се обидува да ја урне оградата, пренесува Екатимерини.

Возилото наменето за надзор на границата ја отстранило оградата со помош на сајла, објави владата во Атина во време на високи тензии меѓу двете држави поради емигрантите кои се обидуваат да ја минат турско-грчката граница.

Бариерата на границата веќе била оштетена од страна на емигрантите кои ја сечат при обидите за влегување во Европската Унија.

Снимката дополнително ќе ги засили тензиите на границата на која се судираат грчките безбедносни сили и емигрантите, а на која солзавец фрла и турската страна.

Одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да им го отвори патот на емигрантите кон Европа го разгневи грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој објави дека договорот меѓу Европа и Анкара за ограничување на миграциите од 2016 година е мртов.

Турција со тој договор се согласи да ги задржува емигрантите на своја територија во замена за финансиска помош од ЕУ.

Анкара тврди дека Брисел не ги исполнил обврските предвидени со договорот, а стравува и од нов прилив на бегалци поради конфликтот во Идлиб, регионот на северозападот на Сирија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе