Од сириската војска

Турските војници беа со „терористички групи“ кога беа нападнати, вели руското Министерство за одбрана

Според податоците доставени од Анкара, во моментот кога сириската армија се борела кај Бехун против терористите, таму официјално немало турски војници.

Турските трупи дејствуваа во рамките на „борбени единици“ со џихадистичките милитанти во покраината Идлиб, кога во четвртокот се најдоа на нишанот на воздушниот напад од сириската влада, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Воздушниот напад беше извршен кога сириската армија спречи голема офанзива од страна на терористичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), разгранок на Ал каеда во Сирија, во рамките на „зоната на деескалација на Идлиб“, соопшти денеска руската војска.

„Турските војници во состав на борбени единици на терористички групи се најдоа под оган од сириската војска на 27 февруари во близина на градот Бехун.“

Министерството за одбрана соопшти дека рускиот Центар за помирување во Сирија бил во постојан контакт со Анкара, „редовно“ барајќи и добивајќи информации за тоа каде се наоѓаат турските трупи. Така, според податоците доставени од Турција, немало турски војници во близина на Бехун кога сириската армија се борела таму против терористите.

Турските власти го критикуваа Дамаск за воздушниот напад. Потпретседателот Фуат Октај предупреди дека сириските „режимските елементи ќе платат висока цена за овој предавнички напад“.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе