Турските власти за Си-ен-ен: Новинарот Кашоги бил убиен и телото исечено на парчиња (ВИДЕО)

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги било исечено на парчиња откако, пред две недели, бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, ги пренесува Си-ен-ен тврдењата на турските власти.

Тврдењето доаѓа откако турските власти извршија деветчасовен претрес во конзулатот доцна синоќа и рано утринава.

Турција од исчезнувањето на Кашоги тврди дека тој бил убиен во конзулатот на 2 октомври кога дошол да земе документи за да се венча со свршеницата, државјанка на Турција.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган претходно кажа дека турските инспектори бараат „токсични материјали“ во својата истрага. „Се надеваме дека наскоро ќе дојдеме до заклучок кој ќе ни даде разумно решение“, кажа Ердоган.

Претходно денес саудискиот конзул во Истанбул ја напушти таа земја.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе