„Борба против дигиталниот фашизам“

Турските власти им забранија на Твитер, Пинтерест и Перископ нови договори за огласување

Социјалните мрежи Твитер и Пинтерест и апликацијата за стриминг Перископ не смеат да склучуваат нови договори за огласување во Турција, пред исполнувањето на законската обврска за отворање претставништва во таа земја, одлучи турскиот регулатор.

EPA-EFE

Турскиот совет за информациска технологија и комуникации им забрани на локалните компании и поединци рекламирање на тие платформи. За прекршок на огласувачите им се заканува казна од милион турски лири (околу 135 илјади долари). Самите мрежи веќе се казнети со по 30 милиони лири (четири милиони долари) затоа што не именувале претставник.

Според законот од 2020 година, компаниите кои пружаат интернет услуги и имаат во Турција повеќе од милион корисници обврзани се да именуваат барем еден официјален претставник во таа земја, кој мора да биде турски државјанин. Анкара толкува дека тоа ѝ е потребно за брзо и ефикасно да ги отстранува содржините кои ги кршат нејзините закони.

За одбивање на отворање претставништво се предвидени големи парични казни и намалување на ширината на појасот на телекомуникациските канали во земјата за прекршителите до 90 отсто.

Во моментов не е јасно како управите на Твитер, Пинтерест и Перископ реагирале на одлуката на официјална Анкара и дали ќе го разгледаат прашањето за отворање претставништва.

Вчера заменикот на турскиот министер за сообраќај и инфраструктура Омер Фатих Сајан кажа дека Фејсбук и Инстаграм ја исполниле наредбата на власта и именувале претставници. Им се заблагодари на тие компании и напомена дека слични потези очекува и од другите.

„Решени сме да направиме сè што треба за да ги заштитиме податоците, приватноста и правата на нашата нација, изјави Сајан. „Никогаш нема да дозволиме дигиталниот фашизам или непочитувањето на правилата да победат во Турција“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе