ОН свикаа итна седница

Турските сили влегуваат подлабоко во Сирија, жестоки борби со Курдите (ВИДЕО)

Турските командоси навлегоа подлабоко на сириската територија источно од реката Еуфрат, на вториот ден од офанзивата против курдската милиција, откако повлекувањето на американските сили отвори опасна нова фаза во осумгодишниот конфликт во регионот.

Срамејќи се од улогата на Вашингтон во отворањето пат за турскиот упад, високи членови на Републиканската партија го осудија американскиот претседател Доналд Трамп дека ги напуштил сириските Курди, кои му беа лојални сојузници на Вашингтон во борбата против Исламска држава во Сирија.

Турција рече дека намерата ѝ е да создаде „безбедна зона“ со цел да врати милиони бегалци во Сирија, но светските сили стравуваат дека турската акција може да го влоши конфликтот и дека ризикува среде хаосот затворениците од ИСИС да избегаат од камповите.

„Нашите херојски командоси што учествуваат во Операцијата Мировна пролет продолжуваат да напредуваат источно од Еуфрат“, соопшти денеска Министерството за одбрана на Твитер, објавувајќи видео на кое се гледаат војници како пукаат со пушки додека напредуваат во мракот.

Сведок во турскиот град Акакале рече дека серија ракети биле испукани од таму преку границата кон сириски Тел Абјад. Чад се креваше од двете цели погодени на сириската страна на границата, рече тој.

Турските сили утрово гранатираа цели во близина на Рас ал Аин, а борците на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, одговорија, рече друг сведок.

Турската војска погоди 181 цел на курдската милиција со своите воздушни сили и артилерија од почетокот на операцијата во североисточна Сирија, соопшти Министерството.

Во турски воздушен напад беше погоден и еден од затворите во кои се наоѓаат притворениците на ИСИС, соопшти СДФ на Твитер.

Во Акакале беше тивко голем дел од утрото, откако во раните утрински часови се слушнаа повремени истрели и звук на движење на тенкови, објави Ројтерс. Експлозии го тресеа Тел Абјад претходно ноќта.

„Операцијата Мировна пролет продолжува според планираното преку границата“, напиша потпретседателот на Турција Фуат Октај на Твитер.

Војниците влегле во Сирија од четири точки, од кои две близу Тел Абјад и две близу Рас ал Аин на исток, според турските медиуми.

Во воздушните напади загинале најмалку пет цивили и тројца борци на СДФ, додека десетици цивили се повредени, соопшти СДФ. Илјадници луѓе избегаа од Рас ал Аин кон провинцијата Хасака, која ја држи СДФ.

Портпаролот на СДФ Мустафа Бали на Твитер напиша дека борците на групата одвратиле копнен напад на турските трупи во Тел Абјад.

 

Средба на Советот за безбедност

Претседателот Трамп го нарече турскиот напад „лоша идеја“ и рече дека тој не го одобрува. Тој рече дека очекува Турција да ги заштити цивилите и верските малцинства и да спречи хуманитарна криза - а Турција се согласи.

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане денеска на разговори околу Сирија по барање на пет европски членки, Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска.

Во писмото до 15-члениот Совет Турција порача дека нејзината воена операција ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“.

22-члената Арапска лига соопшти дека ќе одржи итен состанок в сабота.

На прес-конференција вчера Трамп ја бранеше својата политика кон Курдите, велејќи дека Вашингтон потрошил „огромни суми пари“ во нивно вооружување и финансирање.

„Курдите се борат за својата земја... Како што некој денес напиша во еден многу моќен напис, тие не ни помогнаа во Втората светска војна, тие не ни помогнаа со Нормандија како пример... Но тие ни помогнаа со нивната земја и тоа е нешто сосема друго“, рече Трамп.

Но еден од неговите најблиски републикански сојузници, сенаторот Линдзи Греам, рече дека тоа што Трамп ги изневерил Курдите ќе биде „најголемата грешка на неговото претседателствување“ и рече дека заедно со демократскиот сенатор Крис Ван Холен ќе поднесе барање за санкции против Турција.

Сириската курдска група со години му беше главен сојузник на Вашингтон во Сирија и турската офанзива веројатно е еден од најголемите пресврти во сириската војна, во која се вовлечени и светските и регионалните сили.

Курдите играа главна улога во заземањето на територијата од Исламска држава, а сега го држат најголемиот дел на Сирија што не е под контрола на претседателот Башар ал Асад. СДФ има заробено илјадници борци на Исламска држава и десетици илјади нивни роднини.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе