Турските сили нападнаа цели на режимот во Идлиб, Сирија (ВИДЕО)

Одмаздата следи по нападот на Асадовиот режим, при кој беа убиени 33 турски војници во регионот каде се забранети акти на агресија, јави агенцијата Анадолија.

Турските сили цела ноќ напаѓаа цели на сирискиот режим по смртоносниот напад врз турските војници во Идлиб, северозападна Сирија, соопштија во петокот наутро безбедносни извори.

Доцна во четвртокот, најмалку 33 турски војници беа убиени, а десетици други беа повредени во воздушен напад на режимските сили на Асад во деескалациската зона на Идлиб, веднаш преку јужната граница на Турција.

Војниците ги заштитувале локалните цивили во рамки на договорот со Русија од 2018 година според кој во регионот се забранети акти на агресија.

Воздушните снимки направени со беспилотни летала рано во петокот го покажуваат моментот кога турските сили од земја и воздух погодуваат цели на режимот на Асад, изјавија изворите, кои побарале да не бидат именувани заради ограничувањата за зборување со медиуми.

На сликите се прикажани и конвои на оклопни возила, елементи што се движат, седишта и арсенал на режимот.

Нападот во четвртокот вечер е еден од низата напади во јануари врз турските трупи, при што турските власти го одржаа ветувањето дека ваквите напади нема да поминат без одговор, јави Анадолија.

Во септември 2018 година, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која изречно се забранети акти на агресија.

Но, од тогаш во зоната се убиени повеќе од 1.300 цивили во напади на режимот и руските сили, бидејќи прекинот на огнот продолжува да се прекршува.

Во зоната на деескалација моментно живеат четири милиони цивили, меѓу кои и стотици илјади раселени од страна на режимските сили последниве години низ земјата разорена од војната.

Повеќе од 1,7 милиони Сиријци се преселиле во близина на турската граница поради интензивните напади.

Од избувнувањето на крвавата граѓанска војна во Сирија во 2011 година, Турција примила околу 3,7 милиони Сиријци кои избегале од својата земја, со што таа е земја најголем домаќин на бегалци во светот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе