Турските медиуми: Чувар на саудискиот престолонаследник бил во конзулатот кога исчезна новинарот (ФОТО)

Турските медиуми објавија снимки за кои тврдат дека се од камерите за надзор снимени на денот кога наводно бил убиен новинарот Џамал Кашоги. На нив се гледа еден официјален претставник на Саудиска Арабија, наводно еден од 15-те осомничени службеници и оперативци на земјата, кои биле во конзулатот во времето на исчезнување на новинарот Кашоги.

Снимките од безбедносните камери ги објави провладиниот весникот Сабах, кој тврди дека сликите ги добиле од турски разузнавачки извори, пренесе Си-ен-ен.

Издвоени се четири кадри на кои наводно е прикажан Махер Абдулазиз Мутреб, саудиски разузнавач и поранешен дипломат. Снимките се направени на 2 октомври во Истанбул и така го сместуваат во Истанбул и конзулатот на денот на исчезнувањето на новинарот. Кашоги го посетил конзулатот на Саудиска Арабија на 2 октомври за да ги преземе потребните документи за склучување брак со својата вереница од Турција. Од конзулатот никогаш не излегол. Според Си-ен-ен, снимките објавени од Сабах прикажуваат четири ситуации на кои, наводно, е оперативецот на Саудиска Арабија, Мутреб.

Првата, го прикажува оперативецот Мутреб како доаѓа во конзулатот на Саудиска Арабија во 9:55 часот по локално време, истиот ден кога Кашоги исчезна. Мутреб влегува во конзулатот, додека се чини дека останатите мажи кои пристигнале од Саудиска Арабија, а кои се поврзуваат со наводното убиство на новинарот Кашоги, во конзулатот влегуваат после него.

Потоа е прикажан Мутреб пред домот на генералниот конзул околу 16:53 истиот ден.

На третата снимка, се гледа Мутреб во хотелот Мовенпик, кој е во близина на конзулатот. Снимен е при одјавување од хотелот. Тој бил еден од неколкуте Саудијци кои резервирале престој во хотелот до 5 октомври, но се одјавиле порано на 2 октомври, јави Си-ен-ен, кој додава дека на снимката, односно скриншот од снимката, не е прикажано време.

На четвртата снимка е прикажан Мутреб, како доаѓа на терминал во аеродромот Ататурк во 17:58 часот, непосредно пред да полета приватен авион. Турските власти тврдат дека Мутреб од Турција излегол токму со тој приватен авион. Станува збор за лет до Ријад преку Каиро.

Си-ен-ен јави дека времето на снимките се совпаѓа со она што тие претходно го објавиле за движењето на Мутреб на 2 октомври, и велат дека нивното известување се темели на информации од турски извори. Тие, исто така, додаваат и дека лицето на снимките за кое турските медиуми јавуваат дека е Мутреб многу личи на други фотографии од Мутреб до кои тие дошле.

Махер Абдул Мутреб, како известува Си-ен-ен, е во тесниот круг на луѓе на принцот престолонаследник Мохамед бин Салман.

„Тој бил дел од елитната бригада за заштита во Кралската гарда и на таа позиција служел како личен заштитник на принцот“, изјави извор од Саудиска Арабија за Си-ен-ен. Покрај тоа, Си-ен-ен  ги пребарале фотографиите од овогодишната посета на Мохамед бин Салман во САД и во негова придружба го забележале Мутреб.

Според пописот на странски дипломати кои ги поседува британската влада, може да се види дека Мутреб бил прв секретар на саудиската амбасада во Лондон, а оваа информација за Си-ен-ен ја потврдил и извор од Лондон, кој го познава Мутреб и кој кажал дека тој бил дел од саудиската разузнавачка служба.

Турски официјални лица, за Си-ен-ен им дале на увид скенирани пасоши на други мажи кои се осомничени дека биле дел од 15-члениот тим Саудијци. Според вчерашните известувања, тие пристигнале во Турција во два лета и биле во амбасадата кога исчезнал новинарот Кашоги. Според снимките објавени од страна на турските медиуми, барем дел од нив учествувале во наводното мачење и убиство на новинарот.

Си-ен-ен извести и дека еден од скенираните пасоши му припаѓа на Салах Мухамад ал-Тубаиџи, кој е шеф на судската медицина во саудиското Министерство за внатрешни работи.

Тие потсетуваат на неговото интервју од 2014 година, кога за саудискиот весник во Лондон Ашарк ал-Авсат ја фалел мобилната клиника која е дизајнирана да изврши обдукција во рекордни седум минути и дека таа е прва од таков вид во светот. Тој работел како форензички консултант и супервизор на клиниката во 2014 година, кога за неа зборувал, а на весникот му се пофалил и дека развојот на таа мобилна клиника била негова идеја, а се со цел на патолозите да им се овозможи форензички прегледи и сецирање на телото на местото на злосторството и сообраќајните несреќи.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе