Турските и руските сили започнаа со заеднички патроли во Сирија

Турските и руските трупи денес започнаа со заедничките патроли во североисточна Сирија, во согласност со договорот постигнат меѓу Анкара и Москва минатата недела.

Заедничките патроли со „копнени и воздушни единици“ делуваат источно од пограничниот град Ал-Дарбасија, објави турското Министерство за одбрана на Твитер, што е потврдено и од руското Министерство за одбрана.

Патролниот конвој се состои од неколку оклопни возила, вклучувајќи го и руското БТР-82 и оклопните возила Тигр и Тајфон, како и турското возило Кирпи, се вели во соопштението на руското Министерство.

Тие сили патролираат на површина поголема од 110 километри, се додава во соопштението.

Сириските демократски сили (СДФ), во кои голема улога има курдската ЈПГ, потврдија за ДПА дека руско-турските сили патролираат во наведените области.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот Владимир Путин на 22 октомври во Сочи склучија договор за заедничка контрола над пограничното подрачје во северна Сирија, при што на курдските милиции им дадоа 150 часа да се повлечат.

Според договорот, Турција ќе ја задржи контролата над областа што ја зазема за време на офанзивата против сириските Курди започната на 9 октомври.

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека друга руска делегација во петок во Анкара ќе расправа со турската страна и за технички прашања на договорот од Сочи.

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе