Турските демонстранти ќе го продолжат отпорот, и покрај отстапките на премиерот

Активистите во Истанбул ветија дека ќе ја продолжат својата „окупација“ на паркот Гези, пркосејќи им на повиците за крај на протестите.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги запре плановите за реконструкција на паркот, но активистите велат дека ќе продолжат да протестираат поради „неправдата“ во Турција.

Стотици активисти што го зазедоа паркот Гези во последните две недели категорично одбија да се повлечат од центарот на градот. Ердоган, кој е главен на „нишанот“ на протестите, рече дека плановите за развој на паркот ќе бидат запрени и дека ќе распише референдум во обид да ги смири демонстрантите.

Овој потег беше виден како значајна отстапка од Ердоган, но сепак демонстрантите посочија дека протестите значат многу повеќе од само заштита на местото од уривање.

„Ние ќе го продолжиме нашиот отпор пред секоја неправда што се случува во нашата земја“, рекоа членови на групата „Таксим солидарност“. Демонстрантите во неколку наврати го критикуваа она што тие го гледаат како авторитарен пристап на Ердоган, а некои дури бараа и негова оставка, пренесува Раша тудеј.

Групата „Таксим солидарност“ во четвртокот се состана со Ердоган и со други владини претставници, изразувајќи загриженост дека не се преземени конкретни чекори за истрагата за смртта на тројца демонстранти и еден полицаец во немирите. Групата, исто така, бара сите уапсени во протестите да бидат пуштени.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе