Заспаниот претседател

Ердоган задрема на прес-конференција (ВИДЕО)

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган речиси заспа на конференција за новинарите со претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Додека неговиот украински колега одговараше на прашањата на новинарите на конференцијата за медиумите, Ердоган се мачеше да остане буден.

На снимката, која за брзо време стана исклучително популарна на социјалните мрежи, се гледа како Ердоган се обидува да не заспие, но сепак ја губи битката со дремката.

Во еден момент Порошенко дури удрил со раката по маса.

По средбата на двајцата претседатели Ердоган кажа дека Турција нема да ја признае руската анексија на Крим, како и дека Анкара го почитува територијалниот интегритет на Украина.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе