Турскиот Пентагон: Воениот комплекс на Ердоган за „втерување страв во коски“ (ВИДЕО)

Турција ја почна изградбата на огромен воен комплекс кој ќе ја претстави револуцијата во безбедносниот сектор. Работниот назив на импресивната градба е Турски Пентагон, за кој претседателот Реџеп Таип Ердоган вели дека „ќе им втера страв“ на сите непријатели на Турција.

Твитер

Церемонијата на поставување на темелите била одржана во понеделникот, а честа му припаднала на Ердоган.

Нацртите покажуваат дека комплексот ќе се простира на 136,5 милиони квадратни метри и предвиден е за околу 15.000 вработени. За споредба, американски Пентагон има 6,5 милиони квадратни метри.

Градбата ќе биде во форма на полумесечина, по знамето на Турција. Огромната зграда во облик на ѕвезда ќе служи како изложбен простор и влез главниот комплекс со облик на полумесечина.

Завршувањето на изградбата е предвидено за мај 2023 година.

„Тука ќе воспоставиме структура која со својата позиција ќе предизвика страв кај непријателите, а почит кај пријателите“, кажа Ердоган на свечената церемонија одржана на 99-годишнината од Денот на победата во војната за независност во 1920 година.

Турскиот Пентагон е последниот во низата обиди на Ердоган да ја зајакне воената моќ на Турција пред изборите во 2023, додека земјата се соочува со инфлација, поплави и пожари.

Турција се фокусираше на локално производство на оружје и воена опрема, развивајќи беспилотни летала со корисна носивост, кои се направени да им парираат на американските воени дронови.

Легенда под Главна слика

Твитер

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе