Документот го предложи владејачката АКП

Турскиот парламент усвои закон за надгледување на групите од граѓанското општество

Турскиот парламент усвои вчера дополнување на законот со кој ќе се засили владиното надгледување на групите од граѓанското општество, иако организациите за човекови права предупредија дека со тој закон се кршат правата на тие групи.

EPA-EFE

Кон законот за „спречување на финансирање на ширењето на оружјето за масовно уништување“ е додадено дека властите можат да спроведуваат годишна инспекција на невладините организации во борбата против финансирањето тероризам.

Законот му овозможува на турското министерство за внатрешни работи да ги менува членовите на невладините организации ако против некој член се водат истраги поради обвинувања за тероризам. Судот може да им го блокира пристапот до социјалните мрежи на тие организации ако имаат онлајн донаторски кампањи без претходна дозвола на власта.

Законот го предложи владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Претходно усвоените антитерористички закони доведоа до апсења на политичари, новинари и активисти на граѓанското општество.

Речиси 680 групи од граѓанското општество потпишаа заедничка декларација против законот, наведувајќи дека тоа ќе им ја ограничи можноста за собирање средства и спроведување активности. Наведоа дека законот го прекршува турскиот устав, кој ја гарантира слободата на здружување.

Законот треба да биде применет и на меѓународните групи на граѓанското општество кои дејствуваат во Турција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе