На една година

Турскиот парламент ѝ ја продолжи дозволата на владата за упади во Сирија

Турскиот парламент изгласа вчера едногодишно продолжување на дозволата на владата да наредува прекугранични воени офанзиви во Ирак и Сирија кога е соочена со безбедносни закани.

Пратениците го одобрија предлогот во момент кога Турција изјавува дека е спремна да изврши нова офанзива во Сирија за да ја расчисти пограничната област од сириските курдски борци, кои ги смета за терористи.

Курдските борци во Сирија беа сојузници на САД во таа земја во борбата против џихадистите на Исламска држава.

Турција секоја година од 2014 го обновува мандатот кој ѝ дозволува на владата да се бори против курдските бунтовници, екстремистите на ИСИС и други групи кои Анкара ги смета за терористи во Ирак и Сирија.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе