Епицентарот на заразата во таа земја

Турскиот министер за здравство: Турскиот Вухан е Истанбул

Турскиот министер за здравство Фахретин Хоца го спореди Истанбул со кинескиот град Вухан, во кој почна епидемијата на коронавирусот.

Тој наведе дека тој град е епицентарот на заразата во Турција.

„Турскиот Вухан е Истанбул“, кажа Коца во интервју за провладиниот весник Сабах, тврдејќи дека ширењето на вирусот ковид-19 во тој град е ставено под контрола со следење на контактите кое го спроведува тим експерти.

„Тие ги следат трагите како медицински детективи“, кажа Коца, додавајќи дека во спротивно би било тешко да се заузда вирусот, пренесува АП.

Според последните податоци, во Турција се потврдени 101.790 случаи на коронавирусот, а има 2.491 смртен случај.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе