Турскиот министер за внатрешни работи: Не сме хотел за припадниците на Исламска држава

Турција ги критикуваше европските земји кои одлучија да им го укинат државјанството на заробените милитанти на Исламска држава и се закани дека ќе ги врати во Европа.

„Ние не сме хотел за припадниците на Даеш (погрдното арапско име за ИСИС)“, кажа денес во Анкара министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Тој додаде дека државите како Британија и Холандија „го најдоа полесниот начин“ со укинување на државјанствата на припадниците на Исламска држава.

Тој не го откри бројот на наводните припадници на Исламска држава и нивните семејства кои Турција ги држи заробени од почнувањето на турската офанзива на североистокот на Сирија на 9 октомври.

„Да кажеме дека ќе го задржам некое време во затвор. И потоа ќе биде ослободен. Треба ли да му дадам терористичко државјанство?“, кажа Сојлу и додаде дека Турција ќе ги „врати во нивните земји“.

Тој смета дека е „неприфатливо и неодговорно“ тоа што европските земји им ги укинале државјанствата на осомничените за припадност на ИСИС и ѝ го препуштиле на Турција решавањето на нивниот статус.

Турција има приведено осомничени од Холандија, Британија и од други земји, кажа турскиот министер.

Неколку европски земји одбија да ги репатрираат борците на Исламска држава и нивните жени или вдовици кои ги заробија Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите.

СДФ, кои заедно со САД се бореа против ИСИС и наводно држат заробени околу 100.000 милитанти, се под притисок откако американските трупи се повлекоа од пограничната област пред турската офанзива.

Некои земји стравуваат дека создадениот хаос ќе овозможи регрупирање на Исламска држава.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе