Турскиот истражувачки брод кој пловеше во спорната зона во Средоземјето се врати во Турција

Турскиот истражувачки брод Оруч реис кој поради трагањето по природен гас во Средоземното Море стигна во фокусот на спорот меѓу Анкара и Атина, се врати во текот на ноќта во Турција.

EPA-EFE

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас го нарече повлекувањето на турскиот брод од спорниот регон во источното Средоземје „позитивен чекор“, за премиерот Киријакос Мицотакис побара од Турција да ги исполни и другите барања за двете земји, членки на НАТО, да го решат „територијалниот спор“. Оруч реис ноќеска вплови во турското пристаниште Анталија.

Испраќањето на турскиот истражувачки брод во водите на источното Средоземно Море кое Грција го смета за своја ексклузивна економска зона предизвика во изминатите недели големи тензии.

Европската Унија испрати остри критики до Анкара и се закани со санкции. Турција ги отфрли критиките и тврди дека водите во кои го дупчеше морското дно се дел од турскиот континентален појас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе