Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас го нарече повлекувањето на турскиот брод од спорниот регон во источното Средоземје „позитивен чекор“, за премиерот Киријакос Мицотакис побара од Турција да ги исполни и другите барања за двете земји, членки на НАТО, да го решат „територијалниот спор“. Оруч реис ноќеска вплови во турското пристаниште Анталија.
Испраќањето на турскиот истражувачки брод во водите на источното Средоземно Море кое Грција го смета за своја ексклузивна економска зона предизвика во изминатите недели големи тензии.
Европската Унија испрати остри критики до Анкара и се закани со санкции. Турција ги отфрли критиките и тврди дека водите во кои го дупчеше морското дно се дел од турскиот континентален појас.