Турскиот брод за истражување нафта ја напушти позицијата и тргна кон север

Турскиот брод за истражување наоѓалишта на нафта и гас денес, за првпат по неколку месеци, ја напушти својата позиција југозападно од Кипар, поттикнувајќи надеж дека се ублажува ескалацијата на тензиите поради спорот за енергетските ресурси во источното Средоземје.

EPA-EFE

Екипажот на бродот Јавуз трага по природен гас во близина на Кипар без одбување на владата во Никозија. Островот во 1974 година беше поделен на грчки дел, кој е член на Европската Унија, и на Турска Република Северен Кипар, кој го признава само Анкара.

Знак на попуштање на тензиите

Функционерите во Никозија кажаа дека одредиштето на Јавуз е непознато, но проценуваат дека, ако бродот продолжи да плови кон север, дека тоа би можел да биде уште еден знак за попуштање на тензиите бидејќи ноќеска би можел да стигне до турските територијални води.

Грција и Турција спорат околу територијалните води богати со нафта и гас, а тензиите пораснаа кога Анкара го испрати истражувачкиот брод во спорниот дел од Средоземјето, придружуван од воени бродови.

Сојузничките во НАТО, Грција и Турција, воспоставија механизам за избегнување судири во источниот Медитеран, соопшти во четвртокот генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, што е дел од напорите да се ублажи спорот околу енергетските ресурси во регионот.

Германија ги предводи напорите за поширок дијалог

Германија ги предводи дипломатските напори за поширок дијалог и лидерите на Европската Унија се сретнуваат во Брисел за да расправаат за тоа како да се избегне секаква ескалација поради потрагата по нафта и гас.

Столтенберг кажа дека договорот меѓу Турција и Грција вклучува црвен телефон за избегнување несреќи на море и во воздух.

Тој безбедносен механизам може да помогне во создавањето простор за дипломатски напори за решавње на основниот спор, а за избегнување конфликт во воена смисла би значели воспоставување комуникациска врска меѓу соперничките војски како што направија САД и Русија во Сирија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе