И грчки и турски воени бродови го следат

Турскиот брод почна со потрага по нафта и гас во источното Средоземје, Грција предупредува

Турскиот брод за истражување наоѓалишта на нафта и гас ја почна потрагата по ресурсите во спорните води на источното Средоземје, изјави денес министерот за енергетика на Турција.

EPA-EFE

Најавата на Анкара дека ќе почне со истражување доведе до пораст на тензиите меѓу Грција и Турција, членки на НАТО, но регионални ривали, околу правата за потрага по нафта и гас во Средоземното Море.

Бродот Оруч реис почна да ги истражува областите за кои Грција тврди дека се во нејзиниот епиконтинентален појас и бара негово повлекување.

И грчки и турски воени бродови го следат Оруч реис.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа вечерва дека Атина „никогаш не се заканува, но дека нема да биде жртва на уцена“ и додаде дека тоа е причината зошто не ги толерира „провокативните потези“.

Мицотакис кажа дека Грција испратила бродови на воената морнарица во спорната област и дека војската е ставена во состојба на готовност како одговор на разместувањето на турската флота.

„Ние никогаш нема да бидеме тие кои предизвикуваат ескалација. Сепак, воздржаноста е само еден аспект на нашата моќ. Ниедна провокација нема да мине без одговор. Покажавме дека ќе одговориме ако биде неопходно. И ќе го направиме тоа повторно ако мораме“, наведе грчкиот премиер.

Турција вчера го отфрли повикот на Грција да се откаже од најавените активности и наведе дека планира да издаде нови дозволи за истражување во спорната област, и покрај сѐ поголемиот спор со Атина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе