Турски воени авиони надлетуваат грчки острови (ВИДЕО)

Турски борбени авиони ги надлетувале денес во повеќе наврати грчките острови Оназис и Кастелоризо без поднесување план на летање, соопшти генералштабот на грчката војска.

Два турски борбени авиони Ф-16 на висина од околу 7.600 метри го надлетувале островчето Оназис во два наврати, јавуваат грчките медиуми. Тие биле пресретнати од грчки воени авиони.

Исто така, два други турски борбени авиони го надлетувале во два наврати островот Кастелоризо, на висина од 1.200 метри и 7.600 метри, како и островчето Ро, во близина на малоазискиот брег на Турција.

Началникот на генералштабот на грчката војска, адмиралот Евангелос Апостолакис, ја предупреди Турција дека Грција решително ќе одговори во случај на „ескалација на турските провокации“.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе