Турски опозициски весник објавил 4 страници од Шарли ебдо

Турскиот опозициски весник Кумхуријет објавил денес по последната ноќна контрола на полицијата четири страници од првиот број на францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо по нападот кој ја опустоши редакцијата.

Целосно преведени на турски јазик четирите страници, интегрирано во централниот дел од весникот, го преземаат главниот дел од написите и карикатурите на Шарли, вклучувајќи ја и насловната страница со Мухамед, но на внатрешна страница.

Тероризмот е злосторство против човештвото, без оглед од каде потекнува

Во краткиот текст политичкиот коментатор на турскиот весник Хикмет Четинкаја ја опишува карикатурата.

„Повторувам, тероризмот е злосторство против човештвото, без оглед од каде потекнува“, напишал тој.

Откако во вторникот го најави главниот уредник на Шарли ебдо Жерар Биар, објавувањето на вметнатиот весник во Турција внимателно го набљудуваат исламско-конзервативните власти кои често ги осудуваат „провокациите“ на францускиот неделник.

Објавувањето на карикатурите на Мухамед постојано предизвикува остри критики од официјална Анкара.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе