Турски ловци повторно на грчкото небо, два од шест авиони биле вооружени

Четири турски ловци Ф-16 и два борбени авиони Ф-4 кои летале во три формации денес во неколку наврати навлегле во воздупната зона на Атина.

Ловците летале во североисточниот и југоисточниот дел на Егејското Море, пренесува грчки Екатимерини.

Грчки пилоти ги пресретнале турските воени авиони во согласност со меѓународните правила на ангажман.

Грчкиот весник јавува и дека два од вкупно шесте борбени авиони биле вооружени.

Тензиите меѓу Турција и Грција траат веќе некое време поради, како што наведуваат грчките власти, кршењето на воздушните простори на Грција и Кипар, како и Ексклузивната економска зона околу Кипар, од страна на турското воено воздухопловство.

И покрај бројните средби на грчки и турски претставници на министерствата за одбрана, на кои се разговара за мерки за изградба на доверба, воздушните инциденти меѓу грчките и турските авиони продолжуваат.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе