Турски дипломати убиени во главниот град на ирачки Курдистан

Најмалку три лица, меѓу кои и турски заменик-конзул, се убиени во пукањето во средата во ирачкиот курдски град Ербил, објавија курдските безбедносни претставници и турското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

Неидентификувани вооружени напаѓачи отвориле оган во ресторан во кој вечерале турски дипломати, изјавија двајца курдски официјални претставници за безбедност, релативно редок напад во главниот град на полуавтономниот регион на Ирак, Курдистан.

Курдските власти и ирачката државна телевизија објавија дека тројцата загинати се турски дипломати и дека меѓу нив е турскиот заменик-конзул на полу-автономниот курдски регион на Ирак.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека еден вработен во турскиот конзулат бил убиен во нападот.

Курдските безбедносни сили ја затворија областа и пребаруваат по напаѓачите, изјавија курдски безбедносни извори.

Еден сведок изјави дека еден напаѓач влегол во ресторанот и почнал да пука пред да избега во автомобил што го чекал надвор.

Засега ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападот.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе