Турската војска влезе во Сирија, почна заеднички патроли со американската војска (ВИДЕО)

Оружени турски воени возила преминаа вчера во Сирија и се движат со американски кон југозападот, почнувајќи ги планираните патроли за воспоставување безбедносна зона вдолж пограничниот регион кој го контролираат главно курдски сили.

Возилата со турски знамиња им се придружија во Сирија на оние со американски знамиња околу 15 километри источно од турскиот пограничен град Акџакале, покрај сирискиот Тел Абџад, а ги надлетуваат воени хеликоптери.

Регионот источно од реката Еуфрат главно го контролираат курдските сили ИПГ, американските сојузници кои Турција ги смета за терористи, бидејќи имаат врски со курдското малцинство во Турција.

По интензивните преговори Турција и САД формираа заеднички оперативни центри, но досега не се договорија за ширината на безбедносната зона и командната структура на силите кои таму дејствуваат.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе