Додека Американците заминуваат

Турската војска влезе во Сирија, Иран почна ненајавена вежба на границата (ВИДЕО)

Турската војска влезе во Сирија, објавија медиумите цитирајќи турски воен функционер. Во исто време, иранската војска почна ненајавена воена вежба во северозападниот дел на земјата што се граничи со Турција, јави иранската новинска агенција ИСНА.

Турските војници ја преминале границата со во Сирија, се вели во извештај објавен денеска, кој се повикува на информации од турски воен претставник.

Функционерот не дал дополнителни детали, вели Блумберг.

Во авторски текст во Вашингтон пост објавен денеска турскиот директор за комуникации Фахретин Алтун ја повика меѓународната заедница да застане зад Анкара, нарекувајќи ги Курдите „вооружени силеџии“ од кои треба да се ослободи локалното население.

Во меѓувреме, Иран почна ненадејна воена вежба во близина на границата со Турција.

ИСНА објави дека вежбата вклучува единици за брза реакција, мобилни и офанзивни бригади, како и хеликоптери на воздушните сили.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе