Турската војска со дрон уништи ракетен систем панцир С1 во Сирија (ВИДЕО)

Одмаздата на турската војска за убиените 33 војници во сириски Идлиб, меѓу другото, вклучи и уништување на ракетен систем „панцир С1“ на силите на сирискиот режим, јавуваат регионалните медиуми.

Ракетниот систем „нацир“ од руско производство, кој се користи за уништување различни воздушни цели бил уништен со дрон на турската војска.

ЕХА њуз јавува и дека радарот бил активен за време на нападот на беспилотното летало, а снимката на уништувањето се појави на социјалните мрежи.

ТРТ јави дека, покрај ракетниот систем, турската војска уништила и објект за хемиско војување на сирискиот режим во Алепо.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе