Турската војска е спремна за копнена операција во Сирија

Единиците на турската војска во близина на границата со Сирија ги завршиле подготовките за копнена операција во таа држава и чекаат наредба за почеток, соопшти ТРТ.

EPA-EFE

Владата на Турција планира да размисли за нова воена операција на северот на Сирија против милитантите на Работничката партија на Курдистан (ПКК), и нејзината сириска гранка Единици за народна заштита (ИПГ).

Извор за ТРТ кажал дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би можел да одлучи да почне операцијата на состанок на владата.

Министерот за одбрана на Турција Хулуси Акар одржа денес онлајн состанок со командниот штаб на турската војска и командантите на единиците во пограничните области, соопшти министерството за надворешни работи на Турција.

Турција на 20 ноември изврши воздушна операција против сириското крило на забранетата ПКК, во области во северна Сирија, која ја контролираат курдските сили поддржани од САД. Ердоган бомбардирањето го прогласи за успешно.

Имаше и извештаи за ракетни напади на цели во северен Ирак.

Турскиот лидер истакна дека за нападите не разговарал ни со рускиот претседател Владимир Путин ниту со американскиот претседател Џо Бајден.

„И Бајден и Путин знаат дека такви операции во овој регион можеме да изведеме во кој било момент“, кажа Ердоган.

Сирија повеќе пати го нарече незаконско присуството на воени трупи од соседната земја во пограничните области и ја повика Анкара да ги повлече своите војници. Истовремено, официјален Дамаск не ја признава ни автономната управа во северните региони, каде Сирија е нападната од страна на турската војска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе