Туркменистан го забрани зборот „коронавирус“, се апсат луѓето со маски и ракавици

Со исфрлање на зборот „коронавирус“ од туркменскиот вокабулар, во радикален потег за потиснување на сите информации за пандемијата, владата на Туркменистан ги става во опасност своите граѓани, велат Репортери без граници (РСФ).

На државните медиуми веќе не им е дозволено да го користат зборот и тој дури е отстранет од брошурите за здравствени информации дистрибуирани во училиштата, болниците и работните места, пренесува Туркменистан кроникл, еден од ретките извори на независни вести, чија страница е блокирана во земјата.

Луѓето што носат маски за лице или зборуваат за коронавирусот на улица, на автобуските станици или во редиците пред продавниците, може да бидат уапсени од полицијата, велат новинарите со седиште во главниот град Ашгабат, кои известуваат за Радио Азатлик, разгранок на Радио слободна Европа на туркменски јазик.

„Туркменските власти ѝ останаа доследни на својата репутација со усвојувањето на овој екстремен метод за искоренување на сите информации за коронавирусот“, рече Џин Кавелие, шефица на бирото за РСФ за Источна Европа и Централна Азија.

„Ова негирање на информациите не само што ги загрозува најранливите туркменски граѓани, туку и го засилува авторитаризмот наметнат од претседателот Гурбангули Бердимукмамедов. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира и да го повика на одговорност за негово систематско прекршување на човековите права“.

Туркменските граѓани имаат пристап до многу еднострани информации за епидемијата на коронавирусот, додека, според надлежните, во Туркменистан досега не е откриен ниту еден случај. Претседателот, познат и како „Татко заштитник“, на 13 март нареди на јавните места да биде насадена традиционалната билка степски седеф како „заштитна мерка“.

Последнорангиран на Индексот за слобода на печатот во светот на РСФ 2019, Туркменистан е една од најзатворените земји во светот. Владата ги контролира сите домашни медиуми и продолжува да го засилува прогонот врз оние што тајно известуваат за медиумите во егзил. Малкуте корисници на интернет можат да пристапат до цензурирана верзија на интернет, обично во кафулиња, каде што прво мора да дадат идентификациски документ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе