Туристите кои за првпат во историјата полетаа во вселената без астронаути се вратија (ВИДЕО)

Четирите вселенски туристи на Спејсекс безбедно слетаа во Атлантскиот Океан по три дена поминати во вселената, прва мисија во орбитата во историјата во која нема ниту еден професионален астронаут.

Screenshot

Капсулата Драгон слета во Атлантскиот Океан околу 19 часот по локално време (1 после полноќ по средноевропско време), недалеку од Кејп Канаверал, од каде во средата полетаа четворица американски туристи. Спејсекс го пренесуваше во живо слетувањето на своите медиуми.

По враќањето во атмосферата, спуштањето на капсулата беше забавено со четири големи падобрани. По нејзе по слетувањето во океанот, брод на Спејсекс брзо допловил до неа, а потоа на патниците им било овозможено да излезат. Четворицата потоа се транспортирани до вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

„Ова беше одлично патување, но тоа е само почеток“, рече по слетувањето 38-годишниот милијардер, командант на мисијата Џаред Ајзекмен.

Ова е трет пат компанијата на Илон Маск да однесе човечки екипаж во вселената и да го врати, по две мисии за НАСА, во август минатата година и мај оваа година. Двата пати се работеше за превоз на астронаути до Меѓународната вселенска станица. Капсулата Драгон патуваше овој пат подалеку од ИСС, на височина од 575 километри. Патувањето беше финансирано од милијардерот Ајзекмен кој на Спејсекс за тоа му плати десетици милиони долари.

Ајзекмен трите позиции им ги понуди на странци, медицинската сестра Хејли Аркено (29), професорот Сијани Проктор (51) и ветеранот на американското воздухопловство Крис Семброски (42). За време на летот, нивните витални знаци биле мерени за да се проучи влијанието на вселенската средина врз необучени цивили. Кружејќи околу орбитата со брзина од 28.000 километри на час, секој ден повеќе од 15 пати на ден летале околу Земјата.

Летово, компанијата на Илон Маск влезе во борба за својот дел од колачот во вселенскиот туризам. Мисијата на Спејсекс Инспирејшн4 го заокружи летото во кое милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос полетаа во вселената со вселенските летала Вирџин Галактик и Блу Ориџин во интервал од само неколку дена во јули.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе