Турците со авиони, хеликоптери и дронови ги нападнаа Курдите во северен Ирак (ВИДЕО)

Турски воени авиони, хеликоптери и дронови нападнаа курдски воени цели, кампови за обука, тунели, засолништа и магацини за муниција во северен Ирак, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар за државната агенција Анадолу.

EPA-EFE

„Засега нашата операција продолжува успешно како што е планирано и вклучува и ангажирање на командоси. Целите се идентификувани и во првата фаза се заземени“, кажа тој, но не изнесе податоци за настраданите во операцијата. Операцијата наречена „Стисок на канџа“ има за цел да заштити од терористички напади, да ја засили безбедноста на границата и е поддржана од артилериски единици, додаде Акар.

Офанзивата е дел од турската операција во Ирак и Сирија против Курдската работничка партија (ПКК) и сириските курдски милиции кои Анкара ги смета за терористи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе