Се чека реакција

Турците испратија вооружени воени авиони над Грција

Осум турски воени авиони синоќа 34 пати го нарушиле грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејско Море, јавува весникот Екатимерини.

Турските авиони, шест ловци Ф-16 кои летале во три формации, и два транспортни авиони ЦН-235 кои летале одвоено, го нарушиле и воздушниот простор над Атина, јавува грчкиот весник повикувајќи се на извор од грчкото министерство за одбрана.

Два турски авиони биле вооружени, тврди изворот на весникот, и додава дека турските авиони биле пресретнати од грчки воени авиони во согласност со меѓународните правила за реагирање.

Властите во Атина укажуваат на постојаното нарушување на грчкиот воздушен простор од страна на воздухопловните сили на Турција, како и нарушување на ексклузивната економска зона на Кипар.

Вчера и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос истакна дека Грција нема да дозволи продолжување на таквите инциденти во грчкиот воздушен простор, поради што Грција и Турција се често на раб на конфликт.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе