Турците го пуштија рускиот брод Жибек Жоли, Украинците бесни

Турција го ослободи рускиот брод што го задржа пред неколку дена поради украинските обвинувања дека превезува украдено украинско жито. Украинското Министерство за надворешни работи таквиот потег го нарече „неприфатлив".

Фото: скриншот

Имено, Турците го игнорирале украинското барање за апсење на екипажот на бродот и бродот бил ослободен вчера, соопштија денеска Украинците.

Украина изрази „длабоко разочарување“ и ја повика турската страна „итно да спроведе истрага и да даде детални одговори на барањата на украинските власти“.

Рускиот товарен брод Жибек Жоли превезувал жито од окупираното украинско пристаниште Бердјанск до турското пристаниште Караса.

„Поради оваа неприфатлива ситуација, турскиот амбасадор во Киев е поканет на разговор во Министерството за надворешни работи“, соопшти Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе