Турција жестоко му се закани на Дамаск: „Ако им помогнете на Курдите, ништо нема да ги сопре нашите војници“

Турција денес предупреди дека ќе им се спротивстави на силите на сириската влада доколку влезат во регионот Африн да му помогнат на курдскиот ИПГ во борбата против турската војска.

Турција почна воена операција во Африн минатиот месец во соработка со дел од сириските милитанти, борејќи се против курдските Единици за народна заштита, организација која Анкара ја гледа како закана на својата јужна граница поради поврзаноста со Работничката партија на Курдистан (ПКК), движење кое веќе со децении води битка против централна власт за автономија во Турција.

Офанзивата на Анкара дополнително ја влоши комплексноста на конфликтот на северот на Сирија, каде има курдски сили, сили на сириската влада, бунтовници, турска војска, ирански сили, американски и руски војници.

Заканата на турскиот претседател и министерот за надворешни работи доаѓа еден ден откако истакнат курдски функционер кажа дека е постигнат договор сириската војска наскоро да стигне во Африн за да помогне во борбата.

Сепак, портпаролот на ИПГ Нури Махмуд денес ги отфрли тврдењата дека е постигнат таков договор со владата во Дамаск. Сириските државни медиуми објавија дека провладини паравоени групи ќе влезат во Африн „за неколку часа“, но до крајот на денот во тој регион не влегоа никакви сили.

„Ако сириската војска дојде да го брани ИПГ, тогаш никој и ништо нема да може да ги сопре турските војници“, порача од Јордан шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Турција нема да има ништо против сириската војска да влезе во Африн за да го „исчисти“ од курдските војници, додаде турскиот министер.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган подоцна во разговор со рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Дамаск ќе сноси последици ако постигне договор со ИПГ, и истакна дека операцијата во Африн продолжува, пренесува Си-ен-ен Турк.

Ердоган за ситуацијата во Идлиб и Африн разговараше и со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Евентуален договор меѓу сириската влада и Курдите, двете сили кои држат најоглем дел од територијата на Сирија, би можел да се покаже како клучен за идниот развој на настаните во сирискиот конфликт.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе