Турција запре руски брод

Турција запре товарен брод под руско знаме во Црно Море во близина на нејзиниот брег и ги истражува тврдењата на Украина дека превезувал украдено жито, изјави висок турски функционер.

Фото: скриншот

Украинскиот амбасадор во Турција потврди дека турските царински органи го задржале бродот Жибек Жоли.

Украина во четвртокот побара од Турција да го задржи товарниот брод „Жибек Жоли“, кој под руско знаме превезувал украинско жито запленето од окупираното пристаниште Бердјанск, според украински функционер и документ што го видел Ројтерс. Украина побара од Турција и да го уапси екипажот на бродот.

Официјален претставник на украинското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од Украинската поморска управа, соопшти дека бродот Жибек Жоли превезувал приближно 4.500 тони жито натоварено до Бердјанск, кое ѝ припаѓа на Украина.

Во одвоено писмо до турското Министерство за правда, украинското државно обвинителство на 30 јуни соопшти дека Жибек Жоли бил вклучен во „нелегален извоз на украинско жито“ од Бердјанск, дека неговата дестинација е градот Карасу во Турција и дека превезува 7.000 тони товар, што е поголема бројка од наведената од официјалниот претставник.

Казахстанската транспортна компанија КТЗ Експрес потврди за Ројтерс дека Жибек Жоли е во нејзина сопственост, но рече дека е ангажирана од руската компанија Грин лајн, која не е на ниту една листа на санкции.

Украина ја обвинува Русија дека краде жито од областите окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата на крајот на февруари.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе