Турција започна со репатријација на заробените џихадисти на Исламската држава

Турција депортираше американски борец и наскоро ќе депортира уште седум Германци, изјави денес портпарол на Министерството за внатрешни работи, откако државните медиуми соопштија дека Анкара започнала со репатријација на заробените милитанти на Исламската држава.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу минатата недела предупреди дека Анкара ќе започне да ги враќа милитантите на Исламската држава во нивните матични земји во понеделник дури и ако им е одземено државјанството.

„Еден американски борец терорист, чија постапка е завршена, е депортиран“, изјави портпаролот на министерството Исмаил Катакли, пренесе државната новинска агенција Анадолу.

„Патните планови за седум странски терористички борци со германско потекло во центрите за депортација се завршени, тие ќе бидат депортирани на 14 ноември“, додаде тој, пренесе Ројтерс.

Катакли рекол дека „уште тројца милитанти на Исламската држава во центрите за депортација ќе бидат испратени денес“, јави телевизијата НТВ.

Турција сака да врати околу 2.500 милитанти, од кои повеќето ќе бидат испратени во земјите на Европската унија, јави државната телевизија ТРТ Хабер, додавајќи дека во моментов има 813 џихадисти во 12 центри за депортација во земјата.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе